Ироничната морничава слаткост во сликите на Минјонг Ким

10.05.24 09:51

Уметницата Минјонг Ким, родена во Сеул, со моментално седиште во Лондон, во своите дела ги истражува внатрешните мисли и чувства кои тешко се изразуваат со зборови. Користејќи сирово, неоптегнато платно, Ким прикажува иронични сцени на „мек начин”, создавајќи тон што таа го нарекува „чуден, но сепак сладок” или „морничаво сладок”.

Нејзините слики рефлектираат на спомени од минатото или моменти на страв, како и на соништата или акции што не можат да се изведат во реалниот живот. На овој начин, она што Ким го проектира на платното е дел од нејзината сопствена внатрешност или како што вели таа „сè што е во мене и што не можам директно да изразам”.

Делата често пренесуваат чувство на опасност и мистерија и содржат повторливи слики и симболи, како полумесечина или мачка. Во тој контекст, уметницата Минјонг Ким објаснува:

„Мачките во моите слики често изгледаат алчно и го набљудуваат секој момент што се случува на платното, налик на некакви божествени суштества. Тие понекогаш можеби ме симболизираат или можат да бидат цинични претстави на луѓето од современото општество.

Мешавината од различни слоеви и симболики на овие слики може да се гледа како мешавина од хетерогеност, дисонанца на гротескни карактеристики… Атмосферата на сликите, исполнета со пастелни тонови и свежи бајковити бои, ги прави сцените со неизвесни и чудни ситуации да изгледаат уште попарадоксално”.

 

Извор: https://www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото