Колажи на надреални суштества

09.08.22 16:25

Еквадорскиот уметник Бето Вал користи стари илустрации за да создаде колажи во бизарни композиции кои прикажуваат надреални суштества. Собраните аналогни илустрации тој дигитално ги манипулира, создавајќи низа приказни: тркалезни глави на бувови кои ѕиркаат од ананасот, есенски лисја никнати од тропски птици, риби со тела од јагоди, мозоци и индустриска локомотива и други, од чудни до апсурдни.

Извор: This Is Colossal

ОкоБоли главаВицФото