Поетска вечер „Prosimetrum” на Виктор Јовановски

25.04.2024 10:00
Поетска вечер „Prosimetrum” на Виктор Јовановски

Денес, 25 април (четврток), во 18 часот, во аулата на Филолошкиот факултет во Скопје, ќе се одржи поетска вечер на Виктор Јовановски насловена Prosimetrum.

Виктор Јованоски е роден во Скопје, 1988 година. Има магистрирано на Филолошкиот факултет при катедрата за Општа и компаративна книжевност. Како уредник има работено на многу изданија меѓу кои Прустовите „Во потрага по загубеното време” (1-4), „Дон Кихот”, „Волшебниот рид” на Томас Ман и избрани драми на Софокле. Активно зема учество во изборот на песни и поети во „Антологија на светската поезија” и ги подготвува критичките изданија на „Ноќна шума” на Џуна Барнс и „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао” на Џуно Диаз.