Нека е жив и здрав Младиќ

31.05.2011 12:31
Нека е жив и здрав Младиќ

Во Србија е уапсен поранешниот командант на армијата на босанските Срби, Ратко Младиќ.

Се сеќавам на едно друго чиченце со пријатна надворешност, лице обраснато во бујна густа брада и со подолга коса врзана во реп – би се рекло, еден типичен Дедо Мраз. Тоа е Радован Караџиќ, претседателот на Република Српска, човекот кој поради обвинението за колеж на над 7500 босански муслимани во Сребреница, 13 години се криеше од Хашкиот суд.

Иван Демјанук, едно деденце кое веќе тешко ја сфаќа реалноста која го опкружува, судот во Минхен го осуди на пет години затвор. Демјанук во 1943 г. работел како чувар во нацистичкиот логор Собибор во Полска, а судот го докажа неговото соучесништво во убиството на над 28 000 Евреи кои биле депортирани во тој логор. По изрекувањето на пресудата, имајќи ја предвид неговата возраст, дедото беше ослободен и испратен во старечки дом, каде што на своите соседи, покрај партија домино, ќе им раскажува за својата невиност.

И, еве го и сега Ратко Младиќ.

По него безуспешно трагаа уште од 2006 г., и сега, кога конечно го фатија, беше очигледно дека ни тој повеќе не е мачо. Всушност, неговото семејство бараше од властите да го прогласат за официјално мртов, а сега велат дека има мозочен удар и здравствени проблеми со срцето и стомакот. Сите тие болести воопшто не му пречеле на Младиќ заедно со Караџиќ да го спроведат геноцидот, злосторството против човечноста, етничките чистења, теророт над цивилното население во опколеното Сараево, грабнувањето припадници на мировната мисија на ОН во мај и јуни 1995 г. и масовниот колеж на муслиманите во Сребреница.

Следна етапа е патот во Хаг. На судот тој ќе говори како го измамиле лошиот дух и самиот ѓавол, а борците за заштита на човековите права будно ќе внимаваат на тоа дали е доволно свеж јогуртот кој наутро ќе му го носат за појадок и ќе пишуваат статии за тоа како Хашкиот суд е само финансиски товар на грбот на даночните обврзници, и дека тој суд не е потребен никому и за ништо.

Од сево ова следат два важни заклучока.

Иако со никакви апсења и пресуди не можат да се вратат мртвите, првиот важен заклучок е дека чудовиштата со разни бои и дезени почнуваат да сфаќаат дека крајот на сите ќе им биде ист. И тој навистина ќе им биде ист, што можеби, макар и во некоја минимална мера, ќе ги спречува сегашните и идните монструми воопшто да ги започнуваат своите крвави дела.

Вториот важен заклучок потекнува од дневникот кој го водел самиот Ратко Младиќ. А го водел многу совесно. Во него внимателно ги внесувал своите простодушни мисли за етнички чистата нација. Да ја земеме, на пример, оваа: „Нам победата нема да ни ја донесе убивањето 50 000 муслимани. Нашите историски приорети можеме да ги оствариме само ако конечно се ослободиме од целото муслиманско население“. Или оваа: „Западната коалиција мисли дека ја нашла формулата со која нас, Србите, како и другите балкански народи, ќе нè претвори во орда несреќни бездомници“.

Дали ја препознавате оваа идеологија? Идеологијата за кристално чиста раса, ослободена од јаремот на проклетите Америка и Европа. Таа идеологија и понатаму води кон масовни убиства, а потоа и во Хашкиот трибунал.

Му посакувам многу здравје на Ратко Младиќ. Најдобрите европски лекари нека му ги лечат болното срце и желудник, и нека му помогнат што побрзо да заздрави од мозочниот удар. И тој, така здрав и бодар, уште долго нека седи во својата ќелија и оттаму нека ги потсетува сите монструми дека, како и да го започнат својот злосторнички животен пат, затворската ќелија е единственото место каде што ќе го завршат.

Извор: Радио Ехо Москва

Mislam deka prv pat citam,

Mislam deka prv pat citam, prilog od avtorot Matvej Ganapolski , i samo sakam da istaknam deka potpolno se soglasuvam so negoviot stav, koj sto se temeli na objektvinost. Se nadevam deka ima i drugi novinari vo drzavava po terkot na avtotorot na ovoj prilog, i isto taka mu posakuvam dobro zdravje na Mladic.

ОкоБоли главаВицФото