Она што се случи минатата недела во Иран не беа избори

20.06.2009 11:41
2a-(18)___.jpg

За да ја илустрирам минатонеделната политичка атмосфера во Техеран, ќе го цитирам мојот млад ирански пријател, кој редовно ми праќа извештаи:

„Бев на последниот митинг на Ахмадинеџад и сега можам да замислам како изгледал фашизмот. им поделија оружје на еден куп момчиња со мозолки кои не можат да си фатат девојка и им рекоа дека се извонредни.“

Тешко е подобро да се опише ова, дали како потсетување на одвратната сексуална репресија која лежи во сржта на „исламската република“, или како опис на силата која исламската парадржава, или држава во држава, е во состојба да ка покаже кога ќе почувствува дека нејзиниот опстанок е доведен во прашање. Постои една теоретска причина зошто настаните од минатата недела во Иран (жал ми е, ама решително одбивам да ги наречам избори) беа само лошо диригирана навреда за сите учесници и набљудувачи. А тука има и една практична причина. Теоретската причина е многу поинтересна и побитна, иако на прв поглед многу помалку драматична и возбудлива.

Шиитската теократска елита смета дека Иран и неговите граѓани се приватна сопственост на од бога избраните мули. Оваа тоталитарна идеја се заснова на една религиска будалаштина која ја прокламираше покојниот ајатолах Рухолах Хомеини. Со овој указ - кој првобитно под управата на клериците ги стави животите и имотите на сирачињата, сиромашните и ментално заболените - сега целото население се прогласува за детинести штитеници на државата во црна одежда. Така, секој изборен процес е завршен уште пред и да започне, бидејќи семоќниот Совет на чувари на исламската револуција однапред одлучува кој може да се „кандидира“, а кој не. Секој весник што го нарекува овој процес ’избори’, и кој понекогаш споменува ’митинзи, истражување на јавното мислење и пребројување на гласовите’, служу само за засмевање на ајатолите. Сите оние медиуми кои целата мината недела беа соучесници во оваа валкана лага треба да се засрамат. И нашата кутра државна секретарка треба да се срами бидејќи изјави дека се надева дека „вистинската волја и желба“ на иранскиот народ ќе се одразат во резултатите од овие избори. Таа сигурно знае дека таквиот исход е оневозможен уште од самиот почеток.

Теоретски е можно првиот избраник на ајатолите да не „победи“, па дури и да дојде до одредени поделби во Советот на чувари по прашањето за исбор на најдобриот кандидат. Колку и да е небитно, тоа сепак може да доведе до раздор. На крајот на краиштата, корумпираните системи се пдложни на измами. Ова, како и лицемерието, е прилог на кој порокот му дава страст. Со речиси несфатлива бруталност и суровост, чуварите наредија прекин на сите мрежи на мобилна телефонија кои би помогнале сево ова да добие црти на фер избори и преку своите јурушници - „револуционерната гарда“ - објавија дека само еден облик на гласање е по божјата волја.

Да ги оставиме настрана очигледните докази за местење на изборите, крадење на гласови и присилувањето - постои уште еден сомнеж дека неписмениот фундаменталист Махмуд Ахмадинеџад би можел да постигне дури и државно спонзорирана плебисцитарна поддршка. Во остатокот од мислиманскиот свет, на сите избори минативе две години, видовме сосем спротивен тренд. Во Мароко 2007-та толку извиканата Партија за правда и развој освои само 14% од гласовите. Во Малезија и Индонезија, предвидувањата според кои прошеријатските партии ќе имаат зголемена поддршка исто така се покажаа како погрешни. Во јануари во Ирак проклерикалните партии, кои во градовите како Басра им го загорчуваа животот на луѓето, беа казнети на локалните избори. Исламистичките сили пред еден месец со соседен Кувајт поминаа лошо, а четири жени - меѓу кои и фантастичната Рола Дашти, која одбива да носи каква била марама - освоија места во парламентот од вкупно 50 пратеници. Можеби најбитно е тоа што од Иран спонзорираната организација Хамас беше убедливо и неочекувано поразен во Либан, на отворени и жестоки избори, чии резултати не беа оспорувани од ниту една партија. И, како што слушам, ако оваа година Палестинците повторни би гласале, тешко дека Хамас повторно ќе победи.

Но сепак некако групата сенилни верски фанатици - која не можеше да ги намести изборите ни во земја како што е Либан, каде има свои следбеници - успеа да си обезбеди убедливо „мнозинство“ во трагично банкротираната држава, во која ги контролира медиумите и има монопол над насилството. Мислам дека мораме да им го ускратиме секој вид официјално признание.

Кога зборуваме за изборите во Либан, тоа ме потсетува на нешто што неодамна со сопствени очи го видов на митингот на Хезболах во јужен Бејрут. Во големата сала, во присуство на официјалните лица од иранската амбасада, најголемиот постер на оваа проиранска партија прикажуваше облак од нуклеарна експлозија! Под овој сликовит симбол стоеше предупредувањето што ги очекува сионистите. Понекогаш забораваме дека Иран сè уште официјално негира дека се обидува да изгради нуклеарно вооружување. А сепак неодамна Ахмадинеџад се пофали со успешно лансирање на ракети и успешна работа на иранските нуклеарни центрифуги, а на Хезболах му се дозволува да верува дека иранските реактори можеби имаат и некакви додатоци кои не служат за мирновременски цели. Меѓу другото, ова значи дека валканата манипулација со која мулите го контролираат Иран веќе не може да се смета за „внатрешно прашање“. Фашизмот во земјата порано или подоцна се претвора во фашизам во странство. Соочите се со нив сега, или борете се против нив подоцна. А дотогаш, нарекувајте ги со вистинското име.

Извор: e-novine

Уште еден од плевата

Уште еден од плевата неоконзервативци кои се обидуваат своето непознавање на политиката не земјите во блискиот исток да го вклопат во Американската визија за политичко делување. Нивното непознавање се чита во фрази како „дури и во земја како Либан“. Оваа површност во етикетирање на земјите од регионот е наполно непознавање на состојбите. Точно е дека зборот демократија и слободни избори во Иран има многу поразлично значење отколку на западот, но истовремено е точно дека посакувањата на оние кои деновиве се на улиците на Техеран се далеку од она на што се надева Хиченс и неговата толпа неоконзервативци. Протестантите повикуваат на враќање на корените на исламската република од 1979, кои се се` она што нему не му се допаѓа: повторно религиозно, теократска република на чело со муласите - Мусави не е далеку од таа идеологија, туку е централен на таа идеологија, под Мусави исто така страдале Иранци, а чудо 2 милиона на улиците го поддржуваат него. На Хиченс и Американците тоа не им се допаѓа, но ред е да престанат да го фураат неоконзервативниот обид за ширење на американската демократија. Демократија е волја на народот. Ако волјата на народот вели потолерантни муласи, и помеки теократки како Мусави, тоа е нивно право и  треба да се остават сами да се изборат за тоа. Ако тоа се избори за нив, тоа е нивно право. Ниту Иранците го повикуваат западот за помош, ниту мешањето на САД и западот ќе има некоја полза  (нека се сети на 1953 и 1979). Оттука треба да го следи примерот на својот претседател Обама  кој конечно gets it!. Иран не сака демократија како САД. Емотивните  фрази ала „засрамете се што ги нарекувате избори“ се  само неоконзервативно игнорирање на приликите во Иран. Може на Хиченс тоа не му се допаѓа.  Но тој избор и последен збор го имаат Иранците, не тој, не западот, не неоконзервативните Американци.Да се користи ситуацијата за црнење на режимот, користење на нуклеарната програма, и барање изговор за западот да нападне е нацизам. Што посакува Хиченс? Да го бомбардираат ИРан? Па наместо 50 мртви од рацете на теократите, 50,000 мртви од рацете на Американците? Тоа  ли е борбата за слобода која ја проповеда? Која е целта на неговата реторика?

не ти ја сваќам поентата,

не ти ја сваќам поентата, сакаш повторно над еден милион мртви како во Иран? прочитај ја „грешката„. www.bbc.co.uk/blogs/theeditors/2009/06/what_really_happened.html

Не сфаќаш оти поентата е

Не сфаќаш оти поентата е друга. Не се однесува на приврзаниците на Ахмад, туку на консеквенците на западните интервенции. И Хиченс е од тие на кои им треба BBC за да научат нешто за регионот. Како и да е, поентата е-Мосадек 1953, Пахлави пред тоа. Поентата е ова е борба на ирачаните, оние на улиците, и само нивна. Ако за нив ова беа избори кои чувстуваат дека им се украдени, тогаш да, станува збор за избори, а Хиченс е последен кој треба да пресудува и да повикува индиректно на западна интервенција. Тие неоконзервативни идеи го доведоа Иран на ова дереџе, како и целиот регион. За среќа има некои попаметни.

ОкоБоли главаВицФото