Некакви луѓе

29.09.2011 15:10
Некакви луѓе

Некакви луѓе бегаат пред некакви луѓе
во некоја земја под сонцето
и со некои облаци.

Зад себе оставаат некакво свое сè,
засеани полиња, некакви кокошки, пци,
огледалца, во кои се огледува огнот.

На грбот носат бокали и врзопи,
колку попразни толку потешки секој ден.

Тивко се одвива нечие заморување,
а во нечија врева на некој му се одзема лебот
и нечие тресење на мртвото дете.

Пред нив често некаков погрешен пат,
ниту мостот е оној кој треба
над чудно црвената река.

Наоколу некакви истрели,
де поблиски де подалечни,
а горе високо авион кој малку кружи.

Добро би дошла некаква невидливост,
некаква темносива каменост,
и уште поголема небиднина,
на пократко или подолго време.

Уште нешто ќе се случи, само каде и што.
Некој ќе им излезе в пресрет, само кога, и кој,
во колку облици и со кои намери.

Ако има избор,
можеби ќе посака да не биде непријател
и ќе ги остави во некаков живот.

Вислава Шимборска (1923) е полска поетеса и есеист, добитничка на Нобеловата награда во 1996 година. Живее и твори во Краков, Полска.

Други прилози за Шимборска на Окно.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото