Премногу кохезија

27.03.2012 12:28
Горан Михајловски

Бидејќи во државата, меѓу Македонците, има премногу кохезија, мора да се измисли нешто што ќе внесе барем малку раскол. Затоа ВМРО-ДПМНЕ, за инает на сите, поднесе нов закон за лустрација. Уште подрастичен од претходниот, кој падна на Уставен суд. Практично, до 2006 година, кога со Груевски, конечно, пристигна демократија-та во Македонија, буквално секој граѓанин ќе подлежи на лустрација. А кодошите ќе бидат јавно објавувани на веб сајтот на Комисијата. А зошто само на тој веб сајт? Зошто прво да не се објавуваат на Фејсбук? И онака досиејата се веќе таму. Зошто таа информација да се сподели само на Интернет? Сите за кои комисијата ќе изгласа дека се кодоши, нека носат црвена лента кога ќе одат на работа. Да може секој да ги истепа на улица.

Горан Михајловски, новинар; Вест, 23.03.12.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото