Литературно читање со Лидија Димковска

22.04.2012 13:50
Литературно читање и разговор со Лидија Димковска

На 23.04.2012 г., Светскиот ден на книгата и авторското право, во 20 часот во ГЕМ Клубот ќе се одржи литературно читање и разговор со авторката Лидија Димковска, по повод номинацијата на Лидија Димковска и германскиот преведувач Александер Зицман за престижната награда Мост-Берлин 2012.

Македонскиот писател, професорот Венко Андоновски ќе ја претстави авторката со особен осврт кон нејзината последна поетска книга „Чесна девојка“  – избор од поезијата на германски и македонски јазик што го објави издавачот Едицион Кореспонденцен од Виена.

Настанот го организира Гете-институт Канцеларија за врски, Скопје во соработка со издавачката куќа Блесок.

Наградата за литература и превод „Мост Берлин“ ќе се додели по шести пат од страна на Фондацијата БХФ Банк. Таа се доделува за современо значајно литературно дело од Централна и Источна Европа и неговиот исклучителен превод на германски јазик и ќе биде доделена на 5 јуни 2012.

Номинираните 5 кандидати се објавени на 16 март 2012 г. на Саемот на книгата во Лајпциг.

Линк до настанот на фејсбук тука.