Залутани „животни“ во градот

03.07.2012 12:13
Залутани животни во градот

„Outliers“ е уметнички проект на канадскиот уметник Маскул Ласери (Maskull Lassere) кој може да ви се причини како бесмислен, но кој истовремено е многу забавен и духовит.

Имено, овој млад Канаѓанец веќе некое време во рамки на овој проект изработува чевли со многу необични ѓонови, направени така што симулираат животински траги. Неговата замисла е на сосем обичните чевли и патики да поставува гумени елементи чиишто отпечатоци изгледаат идентично со оние на соодветните животни.

Целта на авторот е да се носат овие обувки во населените урбани зони за кои не е карактеристично присуството на дивите животни. Мечките, зајците и срните се само некои од животните чиишто траги можат да се остават носејќи ги овие чевли. Ласери веројатно очекува различни реакции од минувачите кои ќе ги здогледаат трагите од дивите животни, но сигурен е дека преку својот проект го поставува прашањето за заштита на животните кои живеат близу урбаните зони, нивната безбедност и загрозениот начин на живот.

Чекорењето во необичните Outliers обувки и оставањето траги по градските улици досега е изведено во Њујорк, Монтреал, Отава и Бостон.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото