Холандската влада ќе ги обесштетува сопствениците на кафулињата за марихуана

06.06.2013 12:33
Владата ќе ги обесштетува сопствениците на кафулињата за марихуана

Окружниот суд во Хаг ѝ нареди на холандската влада да им исплати оштета на сопствениците на кафулињата кои имаат право да продаваат марихуана, поради претрпените штети по примената на владините мерки за отстранување на т.н. наркотуризам.

Одлуката на хашкиот суд е најновиот потег во долготрајниот судир помеѓу холандската влада која сака „кафулињата на кои им е официјално дозволено да продаваат марихуана, да продаваат само на локалното население“, додека сопствениците на овие угостителкси објекти инсистираат да им биде дозволено овие лесни дроги да ги продаваат на сите кои ќе побараат.

Во пресудата се додава и дека „останатите потези чија цел е да ги спречат страниците да купуваат лесни дроги во Холандија, се легитимни“, што е голем удар за сопствениците на овие кафулиња.

Почнувајќи од 1 мај 2012 година, во холандските покраини Зеланд, Северен Брабант и Лимбург не смеат да им се продаваат марихуана и хашиш на страниците.

Забраната на продажбата беше воведена во „кафулињата за марихуана“, кои потоа се траснформираа во “клубови за канабис (марихуана)“ и во кои членски карти може да добијат само полнолетните Холанѓани, иако е познато дека повеќе од илјада туристи секој викенд го посетуваат Амстердам, но и помалите градови, поради правото за легално консумирање лесни дроги.

Амстердам во голема мера зависи од приходите од туризмот, а уживателите во канабисот претставуваат една третина од вкупните посетители. Околу 10.000 луѓе на ден, а 3,9 милиони годишно ги посетуваат 14-те кафулиња за марихуана во Мастрихт, а 70% од нив не се од Холандија.

Пушењето џоинт во кафулињата се смета за нешто што мора да се искуси во Амстердам, како и посетата на музјот на Ван Гог или градските канали.

Холандија веќе со децении има многу толерантна политика кон лесните дроги. Иако поседувањето канабис технички е незаконско, според законот од 1976 година, се толерира кога се работи за количина на марихуана помала од пет грама. Оваа билка се продава во кафулињата кои поседуваат дозвола за тоа, а одгледувањето и продажбата на големо се забранети.

Извор: e-novine.com