Сноуден номиниран за Нобелова награда за мир

16.07.2013 06:18
Сноуден номиниран за Нобелова награда за мир

Шведскиот професор по социологија Стефан Свалфорс го номинираше американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден за Нобелова награда за мир.

„Со херојски труд и на голема лична штета, Едвард Сноуден ги откри постоењето и размерите на системот за надзор кој американската влада го постави преку електронската комуникација ширум светот“, пишува професорот во писмото до Одборот за доделување на Нобеловата награда.

Наградата за Обама - грешка

Потоа, Свалфорс тактично укажува на тоа дека ова е прилика за членовите на Одборот да ја поправат големата грешка која ја направија кога на американскиот претседател Барак Обама му ја доделија Нобеловата награда за мир во 2009 година.

„Одлуката наградата во 2013 година да му се додели на Едвард Сноуден, освен што е оправдана сама по себе, исто така би помогнала во спасувањето на репутацијата на Нобеловата награда за мир која е нарушена кога се донесе брзата и непромислена одлука таа да му се додели на американскиот претседател Барак Обама во 2009 година. Со тоа би се покажала волја да се бранат граѓанските слободи и човековите права, дури и ако една таква одлука не ѝ оди во корист на најголемата воена сила на светот“, пишува Свалфорс.

Тој додава дка светот стана подобро и побезбедно место благодарение на објавувањето на информациите за надзорот на NSA од страна на Сноуден.

Добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде објавен во октомври оваа година. Монетарната вредност на наградата варира од година во година, но во последните години секогаш изнесуваше над еден милион долари.

Извор: www.globalpost.com

ОкоБоли главаВицФото