Господа против хомофобија

16.12.2013 14:25
Господа против хомофобија

Германското издание на магазинот за мажи GQ покрена необична капања под името „Господа против хомофобија“. Во рамки на кампањата, собрани се тринаесет германски хетеросексуални ѕвезди кои се фотографирани како се бакнуваат меѓу себе, во знак на солидарност со ЛГБТ заедницата: онаа која ќе мора да се врати во плакар на претстојните зимски олимписки игри во Русија (во која е на сила законот против хомосексуална пропаганда), но и оние кои секојдневно живеат во една од 38-те африкански земји во кои истополовата љубов е казнива со закон.

Слоганот на кампањата гласи „Mundpropaganda“ и предупредувa дека она што е нормално на еден крај од светот, на друг не е. Вo акцијата учествуваат Херберт Гренемаер и Аугуст Диел, Мосес Пелам и Томас Д., Фетес Брот, Костја Улман, Кен Дукен, и добитниците на златен медал во одбојка на олимписките игри, Јулиус Бринк и Јонас Рекерман.

Подолу може да погледнете дел од фотографиите од кампањата, како и видео од снимањето и подготовките.

Извор: mundpropaganda.gq.de

ОкоБоли главаВицФото