Екстремизам или идиотизам?

18.12.2009 12:20
korica_petok.jpg


Дали водачите на земјава се стварно дебили или се кријат подлабоки и помрачни сценарија зад нивните дебилски истапи (т.е. престапи, т.е. најгруби можни фаули, каков што е - престап и фаул - веќе антологискиот повик „за финална борба“ на Никола Груевски до членовите на ДПМНЕ)? Тоа прашање (дали се дебили или имаат јасни деструктивни агенди) веројатно е едно од поважните политички прашања во земјава. Гручо Маркс во еден од филмовите го даде одговорот: „Тој можеби зборува како идиот, можеби и изгледа како идиот, но тоа не треба да ве залаже: тој стварно е идиот!“

Писмото на Груевски до сопартијците фрапира. Нè остава без зборови. Дали е луд читателот што го чита она што е запишано („транзициските политичари се поразени, но не се исчезнати“) или евентуално постои шанса дека малку „флипнал“ актуелниот неприкосновен водач на македонското племе?

Ако на Груевски му се смачени луѓето што владееле во деведесеттите, што да кажат помладиве граѓани, родени после 1990, кои помнат дека во последните 12 години лично Никола Груевски осум години е на власт?! Дали наспроти штабовите на ВМРО треба да се организираат некои други штабови кои сметаат дека треба да „исчезне“ транзицискиот лик на Никола Груевски и сето она што тој го симболизира, лик кој им (кој ни) уништи (ја следам сега вмровската реторика) најмалку десет години од животот?!

Ќе ја пуштат ли полицијата да ги разбие тие замислени контра-штабови на кои им е преку нос осумдишната непрекината рекламна кампања на еден опасен боксер-статист, по фарсичните правила на историјата фрлен ни повеќе ни помалку во улога на популистички водач во комедија што забрзано се тркала кон трагедија?! Ако треба да им се пушти полиција на замислените штабови што работат на исчезнувањето на Никола Груевски (а хипотетски треба да им се пушти полиција), зарем не треба да им се пушти полиција и на штабовите што во моментов ги формира самиот Груевски со намера да го ликвидира (т.е. „да го исчезне“) секој оној што не мисли како него?! Во таа смисла, Ѓунер Исмаил има право: писмото на Груевски е материјал за јавниот обвинител.

Останува варијантата за тешење. Прости му, Господе, на македонскиот архиепископ кога сикти омраза кон поинакумислечките - оти не знае што прави. Чудно е, но ние стварно имаме разбирање за нашите дебилски водачи зашто длабоко во себе чувствуваме дека не знаат што прават. Но, тоа не нè ослободува од одговорност! Напротив! Еве, дури и за оние што божем не знаат дека царевите се голи, повторувам веќе запишани зборови: оние што донесуваат одлуки коишто влијаат врз нашиот живот многу често не знаат што прават, а тоа не го знаат просто затоа што немаат соодветна основа врз чиишто темели би можеле да ги предвидат последиците од своите одлуки. На многумина им се чини дека живееме во ера во која одлучуваат умно заостанати личности. Тие личности избрале само еден аспект на ситуацијата и се држат до него докажувајќи им на противниците дека не успеле да ја разберат смислата на ситуацијата.

Груевски и неговите наци-бољшевици ги доведоа граѓаните на земјава до таков степен на изместеност што опозиционерството го прогласија за патологија! Да бидеш член на СДСМ е пцост! Да сакаш власт, не дај боже, а притоа да не си ВМРО, зборува дека наполно си одлепил од стварноста! И дека ти треба превоспитување! Зарем не е скаредна фарса кога од позиција на власт (и тоа челична, апсолутна власт!) јуришниците на Груевски блујат омраза спрема кој било несреќник (почнувајќи од лицето Б. Ц. па натака) кој негде, скришно, во некаква шупа, сонува за некоја своја мала или голема власт, сонува за време во кое на ВМРО ќе може и да му се наплати по некоја сметка од сегешнава лудачка теревенка во која сите треба да ги маваме шишињата од патос (а некои, полојални, од сопствената глава) во слава на нашиот голем (не мал) боксер-статист?!

Да се разбереме: тонов на денешниов текст е подигнат само зашто власта драматично го повиши тонот последниве неколку недели и речиси најави отстрел на сите оние кои не се на линија на режимот (партијата прогласи платеници на лицето Б.Ц, Латас прогласи педери, архиепископот прогласи егзарси и анкетари, а Груевски најави финална битка против „транзиционите“, што и да значи тоа; можеби битка против себе, до самоубиство?!).

За подобро разбирање на механизмите за кои зборувам, за крај, за читање и мислење, предлагам една нова важна книга: “Going to extremes: How like minds divide and unite“ од Cass R. Sunstein, професор на „Харвард“ и советник на Обама. Книгата зборува за психологијата на групата. Санстејн разгледува низа феномени, од потезите во Бушовата администрација до Исламскиот тероризам.

Припадноста кон одредена групација произведува психологија на „глутница“ - луѓето кои се опкружени со истомисленици често стануваат уште поекстремни во своите идеи, и на тој начин се креира ехо-простор во кој веќе не постојат ставови туку само потврди на ставови. При контакти на полтрони мислењето не се корегира туку станува сè позацртано. Индивидуалните патологии што групата ги одобрува го преземаат лидерството, и погрешните одлуки стануваат неизбежни. Санстејн вели дека на тој начин, во строго поделени и поларизирани групи каде што затворената размена на информации само ги зацврстува почетните ставови, екстремизмот настанува сам од себе, речиси нечујно.

Не бугараши ами Б`лгари, така

Не бугараши ами Б`лгари, така си се декларира вмровскиот војвода во горнана песна. Титоистите барем немале дилема дека се Македонци.

Не сум сигурен дали имале

Не сум сигурен дали имале дилема, или биле југословени. Како што војводите биле и Македонци и Бугари, овие биле и Македонци и Југословени, или само Југословени.

Еее стари добри времиња...

Еее стари добри времиња... Коментариве ме потсетуваат на почетокот на мојата младост кога господата великосрпски националисти и шовинисти, а воедно и „поштовани“ југословени кои и покрај 30 годишно живеење во Македонија (во најголемите и најубави воени станови) упорно зборуваат на српски (чисто дека македонскиот за нив е подолен јазик, а српскиот е „правиот“) ме прекоруваа дека тоа што сум го носел македонското знаме (државното од 1995 со осум зраци, што го имаме и денес) и тоа што сум им замерувал дека зборат на српски и повеќе ја сакаат Србија отколку Македонија, ме правело „бугараш“ и „бугарофил“..... Ништо не се менува, особено не омразата кон се што е македонско и секоја самостојна македонска мисла што е за Македонија. Истите тие југословени, србомани, денес здружени со автохтоните албанци и еврофилските самобендисани бугарофили (како Љубчота) јуришаат заедно во поход да се смени името на Македонија (Љубчо од најголем предавник сега е прв сојузник што на А2 докажува дека не сме биле антички Македонци и дека треба да се прекрстиме во Северна Македонија), во истурање на разни навреди и лепење на етикети кон оние Македонци кои искрено ја сакаат Македонија („евроскептиците“)... Нејсе, нека ви биде господа! Нашата искрена љубов и посветеност на Македонија нема со ништо да ја уништите и осуетите, нити со Грујо, нити со Латас, нити со Бранковци (Црвенковски, Ѓероски и Тричковски) ниту со Љубчовци. Срдечен поздрав

ОкоБоли главаВицФото