Сцени од Првата светска војна сто години подоцна

15.04.2014 10:50
Сцени од Првата светска војна сто години подоцна

По повод одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, шкотскиот фотогаф Питер МекДајармид реши да даде свој придонес со серија фотографии настанати за време на војната, кои денес, сто години подоцна, ги доведе на истите локации.

Фотографиите на МекДајармид го прикажуваат текот на времето и нагласуваат колку малку во некои делови Европа се променила од Првата светска војна. Бројни улици и згради останале исти цел еден век, но морничавите глетки сепак потсетуваат на ужасите на војната.

За потсетување, во Првата светска војна загинале повеќе од 16 милиони војници и цивили, а повеќе од 20 милиони луѓе се повредени. Овие бројки ја прават споменатата војна една од најсмртоносните во историјата на човештвото. За жал, нешто повеќе од две децении по завршувањето на Првата светска војна, следува уште поголем ужас, олицетворен во Втората светска војна.

Освен што укажуваат на непроменливоста на пејзажот во одредени делови на Европа и светот, фотографиите на Питер МекДајармид претставуваат и предупредување за старите духови кои како сѐ уште да лебдат над стариот континент и да се закануваат со својата опасност.

Извор: www.petermacdiarmid.com

 

Слични содржини

Око / Историја
Фотографија / Gif / Историја
Фотографија / Историја
Фотографија / Европа / Историја
Фотографија / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото