Три бесплатни примероци од „Црнци во Фиренца“

21.12.2009 14:57
3_knigi.jpg

Денешните (21 декември) трoјца добитници на книгата „Ловец на староци“ се: Дарко Велкоски, Ана Јакимска и Ѓорѓи Петковски.

Книгата може да се подигне во Културниот центар Точка (Климент Охридски 15) секој работен ден (пон.-пет.) од 10 до 17 часот, како и во сабота од 12 до 16 часот.

Наградната игра трае до крајот на декември. Секој ден Темплум на тројца посетители на Окно кои точно ќе одговорат на наградното прашање ќе им додели по три книги на денот.

Денес го подаруваме романот „Црнци во Фиренца“ од Ведрана Рудан.

На следниов линк можете да прочитате интервју со неа, а доколку го знаете одговорот на наградното прашање, пишете ни меил на адресата:
nagradnaigratemplum@yahoo.com.

Наградното прашање е: По што најмногу е позната Ведрана Рудан?


1) По описот на пасторалните хрватски пејзажи.
2) По суровото и жестоко сецирање на современата хрватска стварност.
3) По нејзиното учество во хрватските реални шоуа.

Декември е и месец на Темплум во Културниот центар Точка!

Во Точка сите изданија на Темплум ќе можете да ги купите со попуст од 30%. Постарите броеви на Маргина можете да ги набавите за само 100 денари, а на секој трет купен примерок добивате еден гратис.

Посетете ја Точка, каде што можете да се информирате и за набавката на книги групирани во пакети и други дополнителни поволности!