Чаплин на Оскари

16.04.14 14:10

На денешен ден пред 125 години во Волворт, Лондон, е роден глумецот, режисер, сценарист и музичар Чарлс Спенсер Чаплин, познат како Чарли Чаплин. Неговата богата кариера која одбележа цела една епоха во филмот траеше дури 65 години.

По тој повод, потсетуваме на моментот кога Чаплин ја добива наградата Оскар за животно дело во 1972 година. Освен по добиената статуетка, толку посакувана за секој актер и филмски работник, Чаплин ќе ја памети таа вечер по најдолгите овации во историјата на Академијата - цели 12 минути!

ОкоБоли главаВицФото