Гиф детство

06.05.14 13:47

Дејвид Мајкл Чендлер, кој себеси се нарекува самоук уметник, е автор на серија гифови во кои на носталгичен начин се присетува на детството и сите стравови кои го окупирале во тој период од животот. Во гифовите се чувствува влијанието од научната фантастика и приказните за деца.

„Ми се допаѓа тоа што можам да го контролирам секој аспект на мојата уметност и без разлика дали ќе успеам или нема да успеам во нешто, јас сум единствениот виновник. Се обидувам да бидам оригинален колку што можам, а како правило си го поставив тоа да не реферирам на ништо од поп културата, телевизијата или филмовите“ , вели Чендлер за своите гифови.

Извор: www.artchipel.com

ОкоБоли главаВицФото