Тиранија

05.07.2014 11:43
Тиранија

Апсолутен владетел, на власт незаконито, узурпатор, лош, насилник, деспот; ја спроведува моќта или авторитетот со сила...

А што бил Едип? Денешните преведувачи оригиналниот наслов на трагедијата Oedipus Tyrannus го ублажуваат како Крал Едип или Цар Едип. Со причина, бидејќи лошата репутација на тираните трае веќе околу 2.500 години.

Кога помеѓу VIII и VI век од старата ера дошло до рапиден економски подем на грчките градови и нивно ширење на сите брегови на Медитеранот, старите кралства веќе биле исчезнати, вистинската власт ја држела земјопоседничката аристократија или новобогаташите, оние кои први ја сфатиле вредноста на штотуку измислените пари.

Така настануваат тираните - луѓе спремни со поддршка на сиромашните граѓани да ја преземат власта без никаква основа во поглед на благородничкото потекло или постоечките закони на заедницата. Она малку што денес го знаеме за тираните какви што биле Перијандар и Кипсел во Коринт, Поликрат од Самос или сицилијанските тирани Гелон, Хиерон I, Дионисиј Постариот, Дионисиј Помладот и Хиерон II, не го оправдува застрашувачки лошото мислење за нивната тиранија. Сите настојувале - и главно успевале - од градовите со кои управувале да направат културни, уметнички, трговски и политички центри. Ги издржувале најславните градители, филозофи, поети, уметници од секоја фела, основале нови градови...

Повеќето грчки тираниди завршиле во втората или третата генерација. Се вели дека тиранинот Дионисиј од Сиракуза на родениот син му замерил затоа што безобѕирно се однесува кон некој сограѓанин: „Јас никогаш не сум се однесувал така“, рекол. „Ах, но твојот татко не бил тиранин“, му одговорил синот. „И не бил“, заклучил Дионисиј, „но ако се однесуваш така, ни твојот син нема да биде тиранин“.

Така и било: голем дел од тиранидите завршиле - со демократијата, а тиранијата станала - метафора.

Или глобална тиранија на демократијата.

Извор: vreme.com
Скулптура на сликата: Matthew Simmonds

ОкоБоли главаВицФото