Спијачи

01.09.14 13:40

По повод 1 септември, денот кога голем број деца првпат се запознаваат со феноменот на формално образование и влегуваат во „едукативната машина“, ја претставуваме серијата фотографии „Спиење“ од француската фотографка Алис Лемарин, која прикажува повеќе малечки спанковци.

Лемарин ги прикажува децата со главата потпрена на перница, како спијат на некое место кое воопшто не е наменето за тоа - надвор, среде јавниот простор. Позадината врз која заспиваат децата ја прикажува нивната непосредна секојдневна околина, но го сугерира и она што го сонуваат, независно од ритамот на секојдневниот живот и она што го наложува логиката на местото на кое се наоѓаат.

Извор: www.alicelemarin.fr

ОкоБоли главаВицФото