Анкета за велосипедска култура и инфраструктура

01.10.2014 15:26
Анкета за велосипедска култура и инфраструктура

Младинската еколошка невладина организација Go Green - Биди Зелен лансира истражување со цел да се дознае нивото на употреба на велосипедот и да се оцени мислењето за велосипедската култура и инфраструктура.

Целна група на истражувањето се младите на возраст од 14 до 22 години. Доколку спаѓате во оваа возрасна група, пополнете ја анкетата која можете да ја најдете на следниов линк.

Исто така, можете да ја препратите анкетата на лица на наведената возраст или да ја споделите на социјалните медиуми. На тој начин придонесувате за намалување на загадувањето и поттикнување на користењето на велосипедот како превозно средство.

Слика: Brian Kesinger