Приказна од Рајот – мојот е најголем

23.10.2014 16:01
Приказна од Рајот – мојот е најголем

На свечана празнична трпеза у Рајот, по повод големиот празник на ВМРО, на сам почетак од журката, Ацика Велики, со восхит и онолкава насмевка на сурат се јавуе за збор, кај што на рајски астал покрај Гемиџии, Дамјан, Гоце, Ќосето, Тодор, Ванчо, и некоја остала ситна револуционарна боранија, се присутни еден куп други гости, као згодни жени, и мужи разбирасе, а овој бара здравица и тишина. Чука со виљушка у кристална рајска чаша, па му се обраќа на Гоцета наш Делчев у сред познат мустаќ, пред цела присутна рајска дружина која лично Гоце ја собрал на прослава на денешен ВМРО-вски празник. Замислете, на јунакот наш македонски, ем познат војвода, Гоцета Делчева, овој, сумњив ЛГБТ-овец такозвани Александар Велики, на цел глас му вика дека неговиот бил најголем, демек, дури пет пути поголем од Гоцевиот, а може и поише пути, и дека тоа допрва ќе се мерело доле на земаљски свет и ќе се докажуело, и ќе се раскажуело, и због заради тоа, овој, коначно требал да престане да мрчи и да се прај поголем Македонец од него, заедно со цела негова револуционарна мисла и идеја за независна Македонија, за светот ко поле за секс љубов и видео ленти, за не знам ово и не знам оно, кога овој го имал најголемиот у свет…

На Гоцета наш, не му се поверуело од одма, па као шо го дал Господ, културен, интелигентен и трпелив чоек, не реагирал у исти тренутак, него, почекал да види до кај ќе се џитка овој такозвани Велики. Арно ама, тоа што овој Ацика го кажал гласно као факат, навистина било вистина, дека неговиот уствари и вистински бил најголем. Ебиго друже судија…

И нејсе, у први тренутак, жениве скришно почнуат да се кикотат, да си шепнуат, док муживе почнале гласно да се потсмеваат и да не му веруваат на Ацика Велики. Дека неговиот може да биде поголем од Гоцевиот, недајбоже најголем, кога за него се знае дека бил двоцевка, дека сакал и мужи и жени, и так даљше. Арно ама, Ацика Велики не се откажуе и продужуе да тврди дека тоа е така, и дека тоа може одма да го докаже, и да го покаже, дека тоа било толку очигледно што дури и од таму можело да се види, исто ко кинескион ѕид. Демек, толку му бил голем. Е сеа, тоа што меѓу присутни на рајски астал седат само докажани Македонци, антички, словенски, османлиски и остали, свеједно, сите до еден расипани у свои фантазии, па после изјавата на Ацика Велики дека неговиот е најголем, помислиле на нешто друго, е, тоа е друга прикаска и друг муабет за некоја друга тема, ама за кратко, муабетот тргнал у тој правец…

Неисе, после долга дискусија испунета со сарказам, неверба и потсмев на рајски астал, со обиди за дообјаснуење, Ацика Велики, коначно, на цело друштво па и на Гоцета наш Делчев војвода, му ја допрецизира работата и му објаснуе дека овој мислел на споменикот кој Боксерот му го поставил на сред плоштад Македонија, и, дека му е толку голем што ќе се гледал дури и од таму. Е, тогаш настанал вистински молк у рајска одаја, по што станале сите, се доближиле до прозор и погледнале што се дешава на плоштад Македонија…

Шо да види јаден Гоце војвода? Шо да видат гемиџии, Карев, Даме, Ќосето, Тодор и остала револуционарна вмровска раса? Се фаќаат за глава, кога гледаат дека само главата на Букефал е три пути поголема од сите нив. Дека ниту Гоце се гледа од тука, ниту Карев, а за гемиџиине муабет да не праиме. Настануе мучна атмосфера у рајски одаи, док Ацика курвински им се кикоти у сурат. Гоце нервозно сука мустаќ, собира густи веѓи над очи, свикуе револуционарна дружина и се повлекуат у друга одаја…

– Карев! строго му се обраќа Гоце.
– Повелете војводо.
- Пиши одма Манифест до Боксерот, а вие Гемиџии пунете тоа куферчињата сос бомби и спремајте се за нови атентати. Овој Боксеров доле ги претера сите можни норми и граници.
– Војводо! срамежливо и повеќе уплашено му се обраќа Карев на Гоцета. – Знаете дека Боксерот не јебе жива сила еве девета година по ред, па не веруам дека и овој Манифест шо ќе му го пишеме ќе има некој ефекат, ме разбирате? Нема да биде добро ако избрзаме со востанието по втор пут, нали?
– Не Карев, овој пат доцниме. Боксерот намерно нè напраил никакви на споменицине, исто као шо го праеше Бранко на едни избори на постерите со фотомонтажи, ви текнуе? А мене дури и на коњ ко магаре ме качил, за народ и туристи да ми се смеат, да не ме забележуат уопште, само овој големиов да го гледаат, а под мене да повраќаат и мочаат клошари и пијандури. Е не може така!
– Така е војводо, не смееме овој пут да дозволиме цел свет да ни се смее! извикале гемиџиите – Мораме ова веднаш да го кренеме во воздух!
– Кого да кревате у воздух? прашал Гоце.
– Па овој спомеников на Александар војводо.
– Не…!!! извикал Гоце – Овој пут ќе дигнете у ваздух Боксерот сосе барокнана Лименка на Илинденска. Мора да послужи за пример на генерации кои доаѓаат, дека со светото ВМРО нема заебанции и потсмев. Го прогласуеме Боксерот за предавник на нашата вековна борба, и мора да плати за ова потценувачко курчење со револуционарното ВМРО!
– Така е Вовјодо! извикале сите у хор, а Гоце се замислил и прошепотил:
– Сега гледам зошто и на Хунзите им даде локација да праат кралска палата на место, каде наша вмровска револуционарна крв се леела. Гемиџии, спремни ли сте? извикал Гоце
– Да војводо! и тргнале наваму…

Кога ќе стигнат? Поим неам, ама викат дека работеле заедно, па кај и да е, ваљда, јебемлига…

Честит празник Македонци…

Извор: Либертас, 23.10.2014.
Слики: Свирачиња