Програмер создал алгоритам кој сам фаќа девојки на Фејсбук

08.11.2014 16:30
Програмер создал алгоритам кој сам фаќа девојки на Фејсбук

Скопје, 8 ноември 2014

Горан Кузмановски, студент на ЕТФ во Скопје, го направил првиот функционален алгоритам кој со голем процент на успешност фаќа девојки на Фејсбук.

Според неговите зборови, овој програм би требало на младите луѓе како него да им овозможи да ги зголемат шансите за остварување контакт, запознавање и можеби нешто повеќе од тоа во интеракцијата со спротивниот пол.

„По сеопфатното истражување во кое ги собрав сите пораки од Фејсбук инбоксот на моите колеги и ги сортирав по успешност, успеав да направам алгоритам кој речиси непогрешливо ги заведува лицата од другата страна“, вели овој млад програмер кој признава дека досега немал успех со девојките надвор од Фејсбук преписките.

„Кога програмот ќе го обработи инпутот кој го добива од другата страна, тој го бира најдобриот можен одговор кој во најмала рака гарантира дека разговорот нема да заврши тука. На пример, доколку девојката одговори со 'сега немам време за муабетење', програмот преминува во асертивен модус со 'зошто, мораш да одиш некаде да бидеш слатка, хехе'“, објаснува Горан.

Според зборовите на овој иноватор, програмот е толку детален што дури ја зема предвид и паузата помеѓу одговорот и учи во текот на самата преписка.

За совршеноста на овој алгоритам говори и податокот дека ги препознава и граматичките грешки на соговорниците и врз основа на тоа го подигнува или спушта нивото на заведување од ниво „лесно“ од „интелигентно“.

Според Горан, еден од сигурните знаци дека сè оди според планот е кога девојката ќе почне да остава три точки на крајот од реченицата, што е еквивалент на „вртење на прамен од косата за време на разговор во живо“.

„За жал, нема гаранции дека баш секој муабет ќе заврши со позитивен исход, но статистички, процентот на успешност е проверено поголем отколку кај просечниот корисник на Фејсбук од машки пол помеѓу 17 и 67 години“, заклучува овој младич и додава дека се надева дека ќе го реши проблемот на наоѓање прифатлив начин за испраќање слика од својот пенис во инбоксот на девојката, а конзервацијата потоа да продолжи.

Извор: wwww.njuz.net