Дортмунд: Родова еднаквост и на семафорите

19.11.2014 11:05
Дортмунд: Родова еднаквост и на семафорите

Со желба да ја истакнат грижата за еднаквоста на половите, градските власти во Дортмунд одлучија на половина семафори во градот да го заменат машкиот лик со женски.

Така во иднина AmpelFrau, ликот на девојка во фустан и плетенки во косата, ќе им испраќа порака на пешаците на 50 отсто од семафорите во градот, повикувајќи ги да почекаат или слободно да ја преминат улицата.

Германските медиуми истакнуваат дека ова ќе биде првпат „женските семафори“ во еден град да сочинуваат половина од вкупниот број на семафори.

Меѓутоа, оваа иницијатива не наиде на одушевување кај феминистките,к ои ја критикуваат визијата на жени на пиктограмот, сметајќи ја за премногу несериозна.

Во јули берлинскиот сенат одби слична идеја, меѓу другото, затоа што одредени политичари сметаа дека предложениот дизајн на девојка со плетенки и широк фустан е премногу старомоден и клише.

Извор: The Guardian