„Рукописи 38“ - конкурс за поезија и проза за млади автори од екс-ЈУ

08.01.2015 13:49
„Рукописи 38“ - конкурс за поезија и проза за млади автори од екс-ЈУ

Домот на млади во Панчево ги повикува сите заинтересирани млади автори да испратат свои дела на годинешниот 38. по ред конкурс за Зборник на поезија и кратка проза на младите од просторите на екс-ЈУ - „Ракописи 38“.

Конкурсот ќе биде отворен до 14 февруари 2015 година, а право на учество имаат авторите и авторките на возраст помеѓу 15 и 30 години кои пишуваат на јазиците на поранешните екс-ЈУ републики и јазиците на националните малцинства.

Треба да се испратат три песни и/или три раскази; песните со должина до 2, а расказите до 3 компјутерски страници (значи, до 7.000 знаци, големина на фонт 12), потпишани со целосно име и презиме, година на раѓање, адреса, број на телефон и e-mail на: Dom omladine, Svetog Save 10, 26 000 Pančevo, Srbija (со назнака „За Рукописе 38“) или на mail: zbornikrukopisi@gmail.com. Ги молиме авторите да ги почитуваат правилата на конурсот и рокот за испраќање на делата!

„Рукописи 38“ ќе излезе од печат до мај идната година, а кон крајот на месец мај е планирана и промоција во Панчево, односно дводневен фестивал. На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора кои нема да бидат во можност да дојдат на промоцијата, примероците ќе им бидат испратени по пошта.