Груевски сега најмногу личи на себе

10.03.2015 11:38
Груевски сега најмногу личи на себе

Наместо како лидер на злосторничко здружение, она човеколико суштество креирано од зло, омраза и од одмазда сè уште го претставуваат како премиер. Велат дека Груевски не личел на себе, но многу поверојатно е дека токму ваков каков што е сега најмногу личи на себе: тој е тој. И затоа се дрзнува да излезе на дневна светлина и уште си дава право и понатаму да гази по нервите на Македонија со изјави дека немало да ги коментира разговорите кои ги објавува Зоран Заев, зашто нивната веродостојност ќе се утврдувала во судска постапка.

Некој помалку упатен во нашата несреќа би помислил дека можеби не станува збор за ретко видена морална креатура, дека тој што јавно ги пропелтечил тие зборови има некакви обзири, усул, некакви скрупули кон некого или кон нешто. До толку неупатен, се разбира, нема. Но, тоа не значи дека нема многу кои се прават, глумат, дека не им јасно што се зборува(ло), што се слуша и што (треба да) се прави.

Груевски, се откажува од коментар од истата причина од која не ја реализирал својата генијална идеја да гради парапет околу цело Охридско Езеро за водата да не ја однесе песокта од плажите: некој му кажал дека тоа е премногу, дури и за лудаци. Зашто, веродостојноста на разговорите е утврдена и секојдневно се потврдува не во судска, туку во човечка постапка: на сите им се гади, им се повраќа од нивната монструозност.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња