Наоко Инузука

12.03.15 15:21

Наоко Инузука е јапонска уметница родена во Токио, која пред една деценија се преселила во Мелбурн. Дипомирала историја на уметност на универзитетот во Токио, а има реализирано голем број изложби во Јапонија, Шпанија, Холандија и САД.

Нејзините уметнички дела многу наликуваат на керамика, но всушност се енамел врз метал. Во комбинација со различни прашоци, енамелот врз метал постигнува сликарски квалитети врз интригантно обликуваните или конструираните основи. Ефектот е чудесен!

Својата уметничка практика Инузука ја опишува истовремено и како лична и како концептуална, а силен печат врз она што го работи оставила одлуката за миграција од сопствената татковина.

Извор: cargocollective.com

ОкоБоли главаВицФото