Режимски десерти

30.03.15 13:02

Во март 2014, ги претставивме патриотскo-партиските торти на вештите жени на ДПМНЕ. По една година, среќни сме што повторно можеме да се заблажиме, барем визуелно, со нови торти од преродбеничките.

Кога ќе ги споредиме ланските и годинешните торти, забележуваме дека голем дел од мотивите се повторуваат: „цела Македонија“, пофалби за пастирот Никола, знамето со сонце од Кутлеш... Сепак, радува тоа што има новитети во вид на десертна црна пропаганда (види торта дела vs. лаги), како и овошни мозаици/инсталации, кои веројатно се резултат на кампањата за здрава храна.

Извор: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

ОкоБоли главаВицФото