Марш на гордоста и достоинството

09.04.15 11:29

Поголема група млади Роми, вчера, по повод Светскиот ден на Ромите, маршираше од Топаана до барокната зграда на Владата да изрази протест поради со години непроменетата состојба на Ромите во Република Македонија. Тие бараа:

-Измени на Правилникот за користење на Социјална парична помош (усвоен во Јануари 2015 година);

-Почитување на Охридскиот Рамковен договор и правична застапеност при вработувањата според Охридскиот рамковен договор, со посебен акцент на младите Роми;

-Почитување на основните човекови права, загарантирани според Уставот и прекинување на дискриминаторните постапки на граничните премини;

-Залагање на Владата за усвојување на закон со кој сите политички партии ќе бидат задолжени да усвојат Етички Кодекс кој ќе го гарантира почитувањето на човечката слобода и достоинство од страна политичките субјекти, и формирање на посебна комисија за следење на законот составена од претставници на граѓански здруженија;

-Јавно извинување на Mинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за навреда на ромската заедница.

Протестот го организираше Здружението за јакнење и организирање на ромската заедица „Романо Авази“ по повод 8ми Април, Меѓународниот ден на Ромите и беше поддржан од голем број граѓански организации и од Ајде! – Платформата за граѓанска политика.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото