Кралот на бумбарите

05.05.2015 12:23

Еве ја салата за балот
што го приредува кралот
на бумбарите.

Еве го и штурчето Ири
на тамбура што ќе свири
во салата на балот
што го приредува кралот
на бумбарите.

Еве го и комарецот Уди
на ќемане што ќе гуди
со штурчето Ири
на тамбура што ќе свири
во салата на балот
што го приредува кралот
на бумбарите.

Еве ја и осата Хува
во кларинет што ќе дува
со комарецот Уди
на ќемане што ќе гуди
со штурчето Ири
на тамбура што ќе свири
во салата на балот
што го приредува кралот
на бумбарите.

Еве ја и болвата Ие
на тапани што ќе бие
со осата Хува
во кларинет што ќе дува
со комарецот Уди
на ќемане што ќе гуди
со штурчето Ири
на тамбура што ќе свири
во салата на балот
што го приредува кралот
на бумбарите.

Но еве ја и зелената мува,
таа влезот го чува,
ставила големо резе
и не може никој да влезе,
ни болвата Ие
на тапани што бие,
ни осата Хува
во кларинет што дува,
ни комарецот Уди
на ќемане што гуди,
ни штурчето Ири
на тамбура што свири,
па без музика мина балот
што го приреди кралот
на бумбарите.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото