Посветено на Дон Дрејпер

01.07.2015 11:47
Посветено на Дон Дрејпер

Пред неколку месеци, после седум одлични сезони, Mad Men за жал заврши. Иако имав впечаток дека последната сезона не го интересираше никого (освен тврдокорните фанови и неколку верни читатели/ки на Mad Men маргиналиите), интернетот во последно време е преполн со секакви теории, завери и рефлексии за последната епизода.

Се чини дека сите се исклучително затечени од изненадувачкото просветлување на Дон Дрејпер. Мене ова ми се чини сосема логично бидејќи одамна забележав дека мистичниот Дон помалку допира до некои антипсихијатриски идеи. 

Еве неколку примери: 

Дон секогаш покажувал дека одлично ги познава комплексните психолошки концепти.  

 

 

Дон никогаш не ги потиснувал своите нагони, ниту се трудел да ја заузди сопствената жед.

 

 

Дон потајно сакаше да отпатува со Битлси во Индија.

 

 

Дон знаеше дека раното детство е клучно за развојот на психичката личност.

 

 

Дон постојано ги преиспитуваше конвенционалните системи на верувања.
 

 

Дон доста рано увиде дека општеството насекаде и отсекогаш го контролира поединецот.

 

 

Дон доста рано увиде дека јазикот е само уште еден систем на контрола и опресија.

 

 

Дон знаеше дека лудилото и психозата се манифестации на нескладност помеѓу „вистинскиот“ идентитет на поединецот и оној кој општеството му го наметнува.

 

Дон отсекогаш се борел жестоко против востановените клиничка практика која „недозволените“ емоции ги потиснуваше со псевдомедицински интервенции. 

 извор: voxfeminae

ОкоБоли главаВицФото