Охрид крај езеро

02.07.2015 15:35

Поминавме крај куќа една
долж езерото во Охрид син.
Куќа со цвеќе од страната предна,
олеандри, гладиоли, јасмин и крин.
Си замислувам во сништата бујни
дека влегуваме во куќата ти и јас.
А зошто тоа да се само желби одвај чујни?
Еден цел ден заедно би биле од час во час
и тука би згаснале заедно со вечерта летна,
би излегле надвор од времето сиво.
Но некој друг живее во куќата цветна.
А далеку е Охрид, гратчето живо.

Препев:Душан Томовски

Ева Штритматер (Eva Strittmatter, 1930-2011), германска поетеса, прозаистка, критичарка, писателка за деца... Нејзините книги се продадени во повеќе милиони примероци и таа е еден, во тој поглед, од најуспешните германски писатели во втората половина на 20 век. Често патувала и повеќе пати во текот на шеесеттите години била во Југославија и Охрид...

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото