Темен вик во градот

03.07.2015 14:49

Како поток се урива над тркалото ова време
На светот, за да ги разнесе постоењата земни -
Пред ѕидовите на градот со мртво семе
Стоиме со раце темни.

Од кафезите, во кои добро им беше, одлетаа птиците диви.
Паѓаат цвеќиња топли од притисокот на нашите грсти.
На сите им станаа туѓи нашите дрвја, шуми и ниви.
Секнаа изворите ископани со нашите прсти.

Слушна ли како понекогаш бесшумното тркало грчи,
Кога времето како поток шуми над градската цитадела?...
Тркалото на настаните се врти и брчи
И внатре те лела.

Зошто тркалото тркало гони
Времето тера време.
Во градот морничаво се тресат градските колони.
Речиси се смееш над сопственото мачно бреме.

Препев: Душан Томовски

Валтер Мекауер (Walter Meckauer, 1889-1966), германски поет, филозоф, драмски писател, прозаист... Во 1933 пред нацизмот емигрирал во Италија, а потоа во Швајцарија и во САД. Во 1952 се вратил во Германија, во Минхен.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото