Збогум хипстери, дојде времето на младите урбани креативци

13.07.2015 16:50
Збогум хипстери, дојде времето на младите урбани креативци

Терминот „јаки“ (yuccies) се користи за да се опише една категорија на луѓе кои всушност се мешавина од други две групи – креативни се како хипстерите, а успешни како „јапи“ (yuppies) или „младите урбани професионалци“. Но, што и да прават овие млади луѓе, го прават тоа на свој и оригинален начин.

Младите урбани креативци се дефинираат преку нештата кои ги поседуваат: критериумите за избор се цената и индивидуалниот вкус. Нештата кои сакаат да ги поседуваат не мора да бидат скапи, но неопходно е да бидат различни, привлечни и по можност, уникатни.

Иван има 28 години, живее во центарот на градот, завршил филозофија на Филозофскиот факултет. Има мустаќи како Мишо Ковач, вози велосипед пони кој го купил на болвјото пазариште Хрелич во Загреб, за 50 куни и може со часови да расправа на било која тема. Знае сè и во сè се разбира. Располага со широк спектар на знаења. Без проблем ќе разговара за искористеноста на виолината во партитурите на Чајковски, а потоа, независно од тоа, ќе објасни што се случило во реакторот број четири за време на Чернобил, ноќта, на 26 април 1986 година, веднаш пред самата катастрофа.


Има доволно пари. Носи скапи дизајнерски очила за сонце. Единствената тетоважа која ја има се наоѓа на неговиот грб, па видлива е само во лето, на плажа. Никогаш не доцни. Не, Иван не е хипстер и страшно се навредува кога така го нарекуваат. Тој е „јаки“ – односно млад урбан креативец (young urban creatives). Станува збор за термин кој е дело на генерацијата Y, родени во урбаните подрачја, кои веруваат во моќта на знаењето и едукацијата, и кои не се откажуваат од своите соништа за да бидат успешни и да можат добро да заработуваат. Навистина, тие од нивните соништа развиваат креативни работни позиции и од нив многу добро живеат.

Постојат разлики, се разбира. Дел од оваа популација е активна и успешна во тоа што го работи, додека некои од нив градат класични кариери. Наутро облекуваат костуми, во канцеларија се од девет до пет, а после тоа си заминуваат во своите домови. Нивните финансиски состојби се постабилни од оние на младите урбани креативци кои работат само за себе, но сепак, оние кои работат за други, бираат типови на работа кои им оставаат доволно време да се занимаваат со нешта кои ги сакаат.

Предизвици

Тие се високообразовани, непрестајно вложуваат во своето знаење и поради тоа се по малку арогантни: знаат колку вредат, па според тоа очекуваат нивната работна околина да не знае тоа да го препознае. Поради тој став поголем дел од нив работат самостојно. Голем дел од нив не одбираат традиционални кариери: се фрлаат на работа, основаат компании, бараат нешто ново на што целосно би се посветиле... Потребен им е постојан предизвик, па затоа се случува нивната финансиска состојба повремно да страда поради тие причини.

Нивните избори не се погрешни: многумина ги сметаат за посветени луѓе, но потајно им завидуваат. Поголем дел од луѓето не се подготвени на ризици по кои овие млади луѓе редовно посегнуваат. Некои луѓе не сакаат да работат своја сопствена работа: урбаните креативци често чувствуваат дека мораат да го направат тоа. Парите не се важни, но најважно е тоа што ќе го заработиш, да го заработиш сам, да биде тоа работа која пред сè, исполнува. Овде голема улога одигрува интернетот: тој е зона која овозможува реализација на бројни работни позиции и бизнис планови.

Ваквата категорија на луѓе во Америка се среќава многу често, додека овде, на Балканот, нивното време допрва доаѓа. На другата страна на светот овие типови на луѓе можат да се видат на различни работни позиции: на пример, еден типичен „јаки“ би отворил трговска компанија која продава очила за сонце од бамбус или би бил консултант за координација на Инстаграм кампања за lifestyle брендови. Со други зборови, нивните работни позиции мораат да бидат донекаде гламурозни, а истовремено освестени: да ја штитат природата, животните или послабите општествени групи.

Истражувањето кое во 2014 година е спроведено од страна на Универзитетот Бентли покажува дека 66% од вработените во бројните светски компании сакале еден ден да покренат свој бизнис. Овој пример не укажува на тоа дека сите вработени се „јаки“, но често, токму оние вработени во компаниите чувствуваат дека нивните способности не се доволно искористени и почнуваат да размислуваат за покренување на свој сопствен бизнис. После година дена работа во една правничка канцеларија, Моника дала отказ и заминала на село. Живее во внатрешноста на островот Хвар, одгледува лаванда и произведува козметика. Нејзиниот бренд е сè уште во зачеток, моментално се соочува со многу проблеми, но признава дека токму таа работа ја исполнува и ја прави среќна. Сега знаеме и како да ја наречеме: „јаки“. И интересно е тоа што и таа вози велосипед купен од болвји пазар.

Пред десет години „јаки“ биле хипстери и токму во хипстерството може да се види развојот на карактеристиките на „јаки“: претприемништво, маркетинг, користење на интернет... Но, хипстерите веќе ги нема, тие станаа меинстрим и се претопија во него. Тие две групи на луѓе не се еднакви: „јаки“, главно е добро ситуиран. Доколку нема пари, тогаш тоа е затоа што неодамна му пропаднал некој бизнис, но кога-тогаш тој финансиски ќе се опорави. Младите урбани креативци немаат тетоважи – или барем ги немаат на видливи места, бидејќи тетоважите не оддават добар впечаток на работните состаноци.

„Јаки“ всушност се мешавина – креативни се како хипстерите, а успешни како „јапи“. Себеси се дефинираат преку нештата кои ги поседуваат: критериумите за избор се цената и личниот вкус. Значи, она што го купуваат не мора да биде скапо, но неопходно е да биде различно, привлечно и по можност, уникатно. Можеби тие се причината зошто 43 % од секој долар е потрошен на храна – и тоа токму во рестораните. Покрај тоа, логиката е следна: како поинаку да се биде креативен, освен ако се јаде надвор? Во некој квалитетен ресторан – не нужно познат, но да биде тоа место во коешто храната е квалитетна, а персоналот го запаметил името на „јаки“ и она што тој најмногу сака да го јаде.
И секако, фотографијата од нивниот оброк мора да заврши на Инстаграм.

Извор: Globus


 

ОкоБоли главаВицФото