Кошмарот на кинооператерот

30.11.2015 13:34

Ова е ноќниот кошмар на кинооператерот:
Птица влетува во темната сала,
го пронаоѓа одблесокот, лета низ него,
удира во екранот што емитува градина,
залез на сонце и двајца прекрасни луѓе.
Вистинска крв, вистински црева се лизгаат
низ снимката на дрво.
„Ова не чини“, негодува публиката,
„Не дојдовме ова да го гледаме.“

Препев: П. В.

Браен Петен (Brian Patten, 1946), англиски поет, роден во Ливерпул. Објавил повеќе десетици стихозбирки, голем дел од нив кај мали издавачи. Пишува и книги за деца, од кои најпозната е „Последниот случај на господин Мун“. Издал и неколку плочи на кои ги чита своите песни.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото