Македонија треба да ја уништиме ако сакаме да ја спасиме!

21.01.2016 16:52
Македонија треба да ја уништиме ако сакаме да ја спасиме!

Проблемот е во тоа што опозицијата и граѓанскиот сектор ја спасуваа Македонија во времето кога беше јасно дека треба да ја уништуваат како арсенал на вмровштината!

Власта ја уништува така што ја вмровизира и арсенализира, а ние треба да ја уништуваме за да ја ослободиме и да ја девмровизираме!

Може и по обратен редослед.

Тие ги товарат младите луѓе во вагоните за Европа, а другите ги задржуваат тука во своите концентрациони логори за работна експлоатација до смрт, а ние треба да ги уништиме пругите по кои ги испраќаат "младите евреи", да ги разориме нивните монополи, "бетонски" и "дрекселмаерски" и други крупчиња и треблинкчиња.

Сè уште не е доцна нормалноста да се опамети и да земе да истури некој тон бомби врз вмровските Дрездени или Ротердами и Берлини, да ги кренеме во воздух пругите и мостовите по кои се снабдуваат со пари и стока, пистите за нивните авиони, пристаништата за нивните бродови, да ги дезориентираме или собориме нивните сателити...

Значи, не да се спасува препораката туку да се стори сè нејзе да ја загубиме, не да се спасува земјата од задолжување и длабоки дефицити туку да се доведе до што е можно побрз официјализиран банкрот, не да се брани сувереноста туку што поскоро да се предизвика протекторатски статус, не да има пари за плати и пензии, туку да нема онолку колку што нема според реалните индиции на националната економија, не да се реформира судството, туку дополнително да се уништи и самопрепознае како говњарска институција, не да се реформира високото образование туку да се карикатуризира, не со помош на хипнотизираниот народ туку против него.

Сè со надеж дека така паднати - имаше еден убав твит на таа тема, не се сеќавам од кој - се извинувам, при станување да ги истресеме гнидите и вошките на вмровштината пред тие докрај да ја исцицаат нашата крв.

Нема ништо без жртви. Обидувајки се да ја оправда својата миротворска филозофија, Заев ги направи граѓаните на Македонците што тој ги претставува, поразумни од Арапите. Никој, се разбира, не ја посакува драмата на Либија или на Сирија, но мора да се каже дека лигавото миротворство, морализаторството, институционилизаторството, бескритичната кооперација со меѓународниот фактор, не се опција што може да нè спаси од таквата судбина. Напротив!

Јас на времето сум пишувал дека треба да се обидеме да ја надојдеме вмровската вода до ниво на поплава и потоа како во филмовите на Лаловиќ, националното кутре да излезе, да се истресе и да продолжи напред во историјата.

Дополнително, обидете се да трошите помалку или да не трошите во регуларните фискални канали, гледајте максимално да ги развлекувате судските рочишта ако немате сила да ги отфрлите скроз на скроз, плаќајте ги максимално одложено сите сметки, наместо да правите трети деца дркајте и соберете по некое шишенце да не речам буре сперма на која утре ќе лизнете некој чипиран идиот, по можност велеидиотот Николче, фрлете кофа говна во дворот на Хорхе и така натаму, имаме ние што да работиме пред да дојдеме на темата која во овој момент е неверојатно глупава - изборите!

 


Фаворити и бандити!

 

Орав се жалел на заканите кон претставниците на Европската унија.

Интересно е дека господинот Орав не реагираше вака на перманентниот десетгодишен напад врз европските претставници, идеи и иинституции, од страна на власта и на нејзините интелектуални и морални марионети!

Јас мислам дека неговиот истап е обид да се формулира какво-такво алиби за срамната позиционираност на Европската комисија во настаните во Македонија преку ангажманот на еврокомесарот Јоханес Хан и на него како амбасадор.

Но, ако сепак има такви закани од страна на опозициски настроени поединци или групи, јас ги повикувам под итно да престанат со таквиот вид на активности зашто од нив поголема антимакедонска, антиразумска и антимодерна дејност, не може да има.

Ние сме Европа и ќе продолжиме да се бориме за Европа во Македонија зашто веруваме дека, со сите слабости, Европа е нашиот дом и вредносен и културен и правен и демократски модел!

Орав и првенствено Хан, а најмногу господинот претседател Јункер и највлијателните европски политичари (Меркел, Оланд, Камерон, Ренци) треба да се запрашаат која и каква е таа волшебна европска политика која така систематски се труди да го расклати проевропското расположение на граѓаните на Македонија во соработка со групата локални бандити кои ја заробија целата држава!?

Каков е овој комесар за проширување кој од Европјаните во Македонија прави бандити, а од бандитите - европски фаворити!?

Бегалската криза не може да биде изговор зашто режимот никогаш не може на границите да сопре толку сириски и авганистански бегалци колку што може да испрати од Македонија во Германија и Франција; режимот е фактор на ризикот за руската пенетрација, режимот е ризик за регионален и европски конфликт, дури и од воен карактер, режимот не е фактор за решавање на името и по таа линија на проширувањето на нато.

Остануваат само парите!

Не обвинувам никого, но просто немам друг одговор!

Европа не е имуна на корупција ама да остане и во тоа прашање стриптизирана и без трунка стил, па тоа е навистина срамно!

Слики: Свирачиња
Извор: Фејсбук