Поврати врз груевизмот

10.02.2016 02:48
Поврати врз груевизмот

Вмровците, оние кои се околу нас и вон нас ќе ги победиме, и тоа ќе оди лесно (оптимистички лесно)... им се ближи самракот, тие се веќе поразени, но поради менталната индиферентност им треба извесно време да го сфатат тоа, да им дојде од дебелиот газ, да се искачи низ мрсните црева, и да им „светне“ во со маст и лој исполнетата глава... Потоа следи потешкото(!): да ги освестиме, умствено „ослободиме“, да ги декодираме „вмровците“ во нашите опозициски редови, оние кои не сфаќаат дека разликата меѓу нас и нив (нив - диктаторските црнокошулаши) не е само во бојата на дресот, во амблемот и значката на капата, туку основна разлика е во тоа - кој до каде и дали воопшто успеал да го сочува духот на слободата низ своите гени. Колкава е голтката на слободата која секој од нас успеал да ја зграби, вдише и крваво да се избори за неа... И на крај, можеби и најбитната битка е - дека треба да се избориш и да го победиш сопствениот џуџест брат близнак - брат !вмровец“... Близнак кој е роден во твојата утроба, кој се храни со твојот мозок... и врши ексцес со секој твој обид за бунт, обид за слобода и со обидот ти да сториш нешто, што било околу очовечувањето на земјичкава наша Македонија. Да, тој твој „вмровски“ близнак кој чучи во тебе ќе се обиде да те спречи во сето тоа!

 

Од каде „близнакот“ таму? Како се провлекол низ минското поле од квалитетна рок музика, меѓу минско поле од светски класици, низ минското поле од вродениот бонтон и низ мините од есенција на квалитетно образование? Како? Груевистичките добошари, ебејќи нè во мозок сите овие десет години, и покрај сите наши заштити и анти-спин пилули, успеале да ни уфрлат во мозокот - да ни вденат барем една капка од „семето на злото и примитивизмот“, а од тој антички сперматозоид со фалусоиден меч, и со главче кое е налик на Ацета македонскиот, ете, се зачнал тој гном, тој наш „брат близнак - вмровец“, кој живее во нашата утроба... Е него, него можеме (а и мораме) да го исфрлиме со наше, некултурно но нужно, недолично и грдо, постојано и секојдневно блуење... секогаш кога ќе го почувствуваме тоа вмровското „црно семе“ како ни ги гризе сите цивилизациски придобивки кои ни ги укинаа, опљаќкаа и силуваа во овие десет години на демон-христијанското шкопење на човечките права и слободи... ние мора да повратиме, да им ја „абортираме“ нивната гнасотија од наша уста во нивна фаца... Ете, така!

П.С.

За места на редовно ослободување од грдиот „гном-слободојадач“, ги прогласувам - Шампитата, судовите, министерствата, МТВ и МРТВ... како и сите куртонско-добошарски подружници на Мартин Гебелсѓер. Како и пунктовите, агенциите, каде се аплицира за проекти - куќи за партиски слуги и послушници, за третодетен надомест, пред секоја комисија која на жените кои сакаат да абортираат им издава тапии дека се анти-патриотски ороспии... пред... (дајте и вие некоја локација како идеја )‪ #‎ПовратиВрзГруевизмот‬

Слика: Pablo Iranzo