Изложба на Оливија Морел во Јавна соба: Африканска жена – портрети на свила

05.05.2016 13:26
Изложба на Оливија Морел во Јавна соба: Африканска жена – портрети на свила

Со почеток во 20:00 часот, четврток 05.05.2016 во Јавна соба ќе биде отворена изложбата на „Африканска жена” на Оливија Морел. Влезот за сите љубители на ликовната уметност е слободен.

Морел ни го претставува нејзино лично искуство од 7 годишиот престој на карипскиот остров Матиник. Она што ја чини оваа изложба несекојдневна, покрај фактот дека мошне ретко се среаќава африканска уметност во кој било облик во Скопје, е умешноста на авторот како автодидакт да ја совлада техниката на нанесување текстилни бои на свила.

Оливија Морел, дипломиран метеоролог–физичар, инспирирана од новата средина и култура целиот свој талент го насочува кон усовршување на новата техника, текстилни бои на свила. „Нанесувањето на боите се прави на специфичен начин, потребено е се совладаат материјалите, да се познава добро апсорпцијата на свилата, и да се дозира нанесувањето кое се прави со триење од двете страни на свилата“, вели авторката Морел, која сака своето знаење да го пренесе на младите генерации во Македонија.

По неколкугодишно творештво во 2010 година се пријавува на меѓународната изложба каде добива прва награда од публиката. Овој момент ја окуражува Морел да започне со нова продукција и промоција на своето творештво. Ова е прва организирана излзожба на Оливија Морел во Скопје.

Во Јавна соба изложени се 24 портрети кои се ризница на колорити изразени преку облека и накит, погледи, лица и топлина со која зрачат африканските жени.

Изложбата „Африканска жена” е поставена до 18 мај во Јавна соба. Влезот за сите посетители е слободен.