„Оли“ – самоуправувачки 3D минибус кој се создава за само 11 часа

23.06.2016 11:33
Оли – самоуправувачки 3D минибус кој се создава за само 11 часа

На светската сцена се појави нов производител на самоуправувачки возила во партнерство со суперкомпјутерската платформа на компанијата IBM.
Самоуправувачкото возило, кое всушност е 3D печатен минибус наречен „Оли“, го претстави компанијата
Local Motors.

„Оли“, кој може да превезува 12 лица, замислен е како форма на превоз на повик на патниците, кои можат да нарачаат возење по пат на апликации на мобилните телефони, слично како со Uber.
Засега, само еден примерок на „Оли“ ова лето нуди бесплатен превоз за граѓаните во Мериленд, а планирани се и дополнителни пробни тестирања во Лас Вегас и Мајами.

Local Motors исто така е во преговори за тестирање на возила и во други градови низ светот, вклучувајќи ги и Берлин, Копенхаген и Канбера. Иако Google и другите производители на автомобили поминуваат години во тестирање пред имплементирање на автономни возила, ко-основачот и извршниот директор на Local Motors, Џон Роџерс, изјавил дека ова возило е подготвено да влезе во употреба веднаш штом прописите ќе го дозволат тоа.

„Очекуваме дека ќе бидеме во можност да го отпечатиме ова возило за само десет часа и да го склопиме за еден час“ – изјавил Роџерс, истовремено објавувајќи стотина микро-фабрики за производство на овие возила ширум светот.

Извор: www.radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото