Кринолина

18.07.2016 10:20

(а ла Гаварни)

Јас сум трошна кринолина*,
Името ми беше Каролина ‒
Тоа беше дамна!
Во добата на ампирот
кога бев со кавалерот
Не се чувствував срамна!

Станав нова мода кога роднина
‒ Мислејќи на мојата иднина ‒
Ѝ се јави на Евгенија**,
Царицата на секој парадиз,
Што ја славеа од Париз
Дворските гении.

Само еднаш ко за вежба,
Заблеснав на првиот бал ‒
Ах ‒ и тоа е сè!
После тоа скокаше
Околу мене и цивкаше
целото бурно сепаре.

Тогаш сеуште немаше филири***,
‒ Иако постоеја Илири ‒
Светот уште беше млад.
Само еднаш ми се додворуваше
И само еднаш тој ме љубеше ‒
Ах, срце, каква глад!

Ја чуваат само звуците од виолина
тајната воздишка на таа кринолина
Во правта што венее;
Денес поинаку цивка вилата,
Денес болката на старата свила
Не се лелее.

Некогаш полна со рајска свежина,
Денес вреќа сум без содржина,
Ветварница.
Баба која никој не ја претпочита,
Роман кој никој веќе не го чита,
Антикварница.

Стара сум кринолина,
Ме носела Каролина ‒
Беше тоа дамна!
Во добата на ампирот
кога бев со кавалерот
Не се чувствував срамна!

Само еднаш ко шега да вежба,
Ми шепотеше на бал
Сосем како де Мисе...
Никогаш не ја дознав заднината,
Како навистина сум била скината,
Пст ‒ пардон ‒ хе хе ‒ ‒ ‒

Превод: П. В.

Оригиналната песна

* Кринолина ‒ широк, звонолик фустан, раширен со обрачи; во мода во Франција околу 1840 г.
** Евгенија - француска царица, Евгенија-Марија Монтијо де Гусман (1826-1920), жена на Наполеон, која ја вовела модата на кринолините.
*** Филири ‒ австроунгарски ковани пари, стоти дел од круна (се користи од 1890 г.).

Антун Густав Матош (1873-1914) — хрватски писател истакнат како исклучителен и ран претставник на модернизмот; пишувал поезија, раскази, патеписи, есеи и критики.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото