Мала трпеечка приказна

26.07.2016 15:16
Мала трпеечка приказна

Дента кога се удавив во езерото сè беше во најдобар ред: рибарите слушаа Пасија по Матеј и фаќаа зборливи рипки кои им ја претскажуваа иднината; убави девојки пливаа и фантазираа огромни колачи со вишни; една баба пиеше пиво и уживаше во пената како двегодишно девојче во када; а јас се давев и тоа беше прекрасно: водата влегуваше во моите бели дробови како инфлација во банана република инфицирана со карневал и револуција во најжешкиот ден од годината.

Денот беше создаден за љубов и умирачка, а ти влезе во партија.

Слика: Paco Pomet

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото