Александар Велики

03.09.2016 19:33

На брегот на Индискиот океан
Плачеше Александар Велики.
Веќе немаше неосвоени земји.
Не можеше ни водата да ја освои,
Се лизгаше меѓу неговите прсти,
Океан пловеше низ неговиот ум.
Мораше да умре за да освои сè,
И затоа набрзо умре,
Испраќајќи ни запечатен коверт
Која не умееме да го отвориме
Сите овие векови.
И ние јачиме како него -
Со неговите солзи го оплакуваме
Одново тој Космички океан.

Превод: П. В.

Едвард Милитоњан (1952), ерменски поет, прозен писател и сликар. Објавил 43 книги со песни и со проза. Пишува и за деца. Добитник е на многубројни награди и преведуван е на повеќе јазици.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото