1013 hPa
43 %
19 °C
Скопје - Пет, 26.04.2024 15:59
Да затрае зборот в треска,
доразболен од блатото,
да заспие зборот зорлив
над реката заматена,
– танана, тинана –
– тинана, танана –
кај што сокол вода пие,
кај што девет рани има
прободени од мразови,
а десетта ја стрелаат
криковите од орлиња,
– танана, тинана –
– тинана, танана –
кај што црна дотекува
а до небо пена прска,
дури вар е дарот матен,
истекува, не се враќа.