Светот - мојот брат

24.10.2016 12:31

Не пијам ни капка од вашата вода шербетлија
се протегам по седум мориња неоштетена
крстарам по светот (мојот мокар и мрачен брат
во сопствено солило ме чува)
со отровна крв и млад ’рбет
за Вас јагула сум
па не чепкам по вратите на земните светци
за трошка удобност, четвртина работна маса
годишен одмор и бонови за храна
се протнувам низ густата жица се разлагам
и се спојувам себеси брзо
пред да ме сомелат турбините
студот ме одржува свежа и лизгава
сита сум од малку алги и свеж воздух
затоа понекогаш скокам од водата кон небото
и пишувам ретко но точно
со празнини на хартијата
за кои не се извинувам ниту простувам
сега
за она што се сеќавав
илјада години однапред

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото