УБК снима за потребите на фамилијата

04.11.2016 11:33
УБК снима за потребите на фамилијата

Освен тоа што сите слатко нè насмеа, ништо ново немаше во вчерашното интервју на Диме Спасов. Знаевме дека ќе се вади на криминалните Албанци и криминално-полициската местенка во режија на СДСМ. Знаевме и дека ќе излезат нејасни снимки на Шител и другите пропагандни мегафони. Знаевме и дека Тамара не три, туку и пет пати ќе ја смени изјавата ако треба. Знаевме дека во неговото „излагање пред јавноста“ ќе ги пропушти најзначајните детали - напуштањето на другите учесници во несреќата, самопријавувањето на шоферот, непријавувањето веднаш во полиција, неправењето алкотест и сл.

А во меѓувреме сите заборавивме дека Сашо Мијалков вчера даваше исказ пред суд за #Трезор. За незаконското прислушкување и управување со опрема со која им влезе во најинтимните делови на животите на десетици илјади граѓани.

Да, научивме една нова работа вчера од Диме Спасов. Дека сообраќајните камери во Скопје и тоа како работат, кога има потреба. И покрај тоа што камерите за видео надзор беа мистериозно „вон употреба“ или „во дефкт“ во случаите за Мартин, Фросина, за Смилковско Езеро и шесте напади врз ЛГБТИ Центарот. Сега дознавме дека не само што работат, туку и дека само УБК има контрола и управува со нив. Добро де, и #Шител и Латас, по потреба.

Ама, ова има многу поголема врска со Мијалков, отколку со Диме Спасов. Затоа, може ли малку да намалиме за пијаната глупост на Диме, да го оставиме да се соочи со правните последици на својата луда ноќ и да се фокусираме на тоа како овие идиоти најверојатно со години ја снимаат секоја педа од Скопје и тоа го користат исклучиво за свои потреби?

Да повторам:

Со години. Ја снимаат. Секоја. Педа. Од. Скопје.

И ние не знаеме за тоа.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Били
 Даркарт