Засолнување бездомници од студот во Социјален центар „Дуња“

10.01.2017 01:57
Згрижување бездомници од студот во Социјален центар „Дуња“

Солидарни и добри луѓе, ве ПОВИКУВАМЕ да го споделите овој апел за помош и вдомување на бездомници.

Ние во СЦ Дуња имаме простор каде можеме да помогнеме и да сместиме некој кај нас поради ниските температури. Локацијата е Рајко Жинзифов бр 22 (спроти Градежен факултет).

Потребно е да споделите и да донесете бездомници на таа адреса како и донации со ќебиња, храна, греалки, вода, перници, парични донации.

На сите индивидуалци и организации кои се бават со помош на бездомници им нудиме дополнителен простор за вдомување. Располагаме со капацитет од 10-15 луѓе, за да може да преспијат кај нас.

Центарот ќе биде отворен за вдомување од 9 јануари во 20 часот.

СЦ „Дуња“ има потреба од волонтери кои би работеле на тоа да има топол оброк за бездомниците, да има кој да ги чува и помага додека се во центарот, како ид а има некој на терен да ги донесе во центарот да се згреат, да преспијат и да се нахранат.

Заинтересираните волонтери можат да се обратат во СЦ „Дуња“ преку порака на Фејсбук страницата на центарот.

ОкоБоли главаВицФото