1019 hPa
37 %
26 °C
Скопје - Нед, 28.04.2024 17:59
Популарната видео-серија „100 години убавина во 1 минута“, која ги прикажува модните трендови и стандарди за убавина во изминатите сто години доби своја пародија. Пародичното видео го изработи фондацијата Depaul France и во него се прикажани „модните трендови“ и изгледот на сиромашните луѓе во Франција.
Од Depaul France на овој начин се обидуваат да ја зголемат свеста за проблемот со сиромаштијата во Франција, каде бројот на оваа категорија луѓе изнесува околу 9 милиони.
Извор: Depaul France