Студено око

10.06.2017 11:18
Студено око

По нашата смрт, би морале да нè стават во некаква топка, а таа би била направена од дрво во разни бои. Би морале да ја тркалаат за да нè однесат на гробишта, а гробарите задолжени да ја извршат таа работа би носеле проѕирни ракавици, за да ги потсетат љубовниците на милувањата.

Оние кои се спремни да го одврзат ќесето, би можеле да набават топки од кристал, па низ нив би можеле да го видат својот дедо или брат близнак како голи заминуваат на оној свет!

Запенета трага на разумот, ламби со мотиви на коњи... Човечките суштества личат на гаврани со фиксирано око, кои сакаат да го изведат својот лет над лешот. А сите црвенокошци се шефови на станиците!

Извор: Andre Breton, Anthologie de l'humour noir
Превод: Иван Шопов
Слика: Франсис Пикабија

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото