Остатоци

15.07.2017 12:16

Кога ја длабеле в рид најголемата
статуа на Буда, карпите што биле
вишок ги фрлале во блиската

дива река. Иако претходно голтале
гемии, чунови и сплавови, водите се
скротиле ко добро нахранети лавови.

Тоа што било одвишно за статуата
на мудрецот, во реката брзо брзаците
ги спитомило... И остатоците од песните

некогаш чуда можат да прават: реки
да спојуваат, ридови да поместуваат,
скарани браќа и сестри да помируваат.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото