1007 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Нед, 05.05.2024 02:59
Францускиот фотограф Стефан Драшан секогаш се забавува во галериите и музеите создавајќи свои уметнички проекти.
Еден од тие проекти е „Луѓето што личат со уметничките дела". Фотографиите на Драшан изгледаат совршено изведени, а неговата тајна е трпението.
Фотографот посетил 50-тина различни музеи главно во Париз, Виена и Берлин, каде што долго време чекал некој од посетителите да се совпадне со некое од уметничките дела. Но трпението му се исплатело.
Резултатот се овие хумористични и уникатни слики на неочекувана хармонија меѓу луѓето и уметничките дела со кои се соочуваат.
Најчесто облеката се совпаѓа со некој елемент на уметничкото дело, но има и луѓе кои личат со сликите поради нивните стилови и бои на косата, па дури и на брадата.
Извор: Boredpanda