Совршен пример за машката несигурност

01.05.2018 00:33
Совршен пример за машката несигурност

Една стара поштенска марка со принцот Чарлс и принцезата Дијана неодамна предизвика внимание на социјалните мрежи во Британија.

Филип Коен, социолог, на твитер ја покажа фотографијата од марката, која датира од 1981 година и напиша: „Тие беа со иста висина“, на марката изгледа како принцезата да е барем една глава пониска од сопругот. Всушност, принцезата Дијана била висока 178 цм. а нејзиниот сопруг Чарлс исто толку. На социјалните мрежи се поставува прашањето зошто кралската двојка се прикажувала како да имало поголема разлика во висината.

Оваа поштенска марка била брзо повлечена, а во тоа време дури имало и официјална изјава од кралското семејство, што било исмеана од „Њујорк тајмс“, весникот тврдел дека принцезата е дури и малку повисока од сопругот.

Коен смета дека ова е пример за нормата „мажот треба да е повисок од жената", како знак на машкост. Други, пак тврдат дека кралската двојка така се прикажувал затоа што Чарлс бил исклучително несигурен, а трети ја бранат фотографијата, пишувајќи дека е тоа направено „заради баланс на сликата“.

Извор: Independent

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Активизам / Графички Дизајн / Став / Живот
Живот / Филм / Историја
Активизам / Став / Живот
Активизам / Став / Живот
Графички Дизајн / Живот / Историја

ОкоБоли главаВицФото